Државното обвинителство бара 3,5 години затвор за фудбалерот Раи Влоет кој предизвика сообраќајна несреќа во која загина четиригодишно момче.
Овој 27-годишен Холанѓанец, кој моментално го носи дресот на руски Урал, предизвика тешка сообраќајна несреќа на автопат во ноември 2021 година.
Со голема брзина, околу 200 километри на час, удрил во задниот дел од возило во кое се наоѓало четиричлено семејство, родители и две деца. За жал, несреќното момче им подлегна на тешките повреди во болница.
Влоет призна дека испил две или три пијачки на забавата, а потоа влегол во возилото:
„Бев на забава во Амстердам, сè уште имаше корона, забавата заврши предвреме. Требаше да преноќам во Амстердам, но донесовме нова одлука – да одиме во Ротердам. Без размислување почнав да возам, ногата ми беше на педалата за гас кога го местев темпоматот и потоа се случи несреќата“, изјави фудбалерот.
По сообраќајната незгода со преглед е утврдено дека Влоет испил двојно повеќе од законски дозволеното количество алкохол. Покрај тоа, тој не сакал веднаш да признае во полиција дека бил зад воланот на возилото, пишува А.Д.
Неговото сведочење ја вознемири мајката на несреќното момче, која почна да му вика на Влоет: „Како побога да продолжиме? Сè ни беше одземено“.
Покрај затворската казна, државното обвинителство бара и четиригодишна забрана за возење.