Српските медиуми објавија дека на социјалните мрежи се појавило видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото на кое вчера околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2).
На видеото се гледа автомобил кој бргу поминува околу 13.47 часот, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13.45 часот, како што рекла мајка ѝ.
Засега не се знае дали возачот на автомобилот има информации за исчезнувањето на девојчето или дали го видел девојчето, со оглед на тоа што времето на нејзиното исчезнување и поминувањето на возилото не се совпаѓаат.
Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото на кое исчезна Данка, пишуваат медиумите.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна вчера околу 13.45 часот во Бањско Поле кај Бор, а во потрагата по девојчето беа вклучени сите дежурни служби на полицијата, а системот „Најди ме“ е активиран за првпат во Србија.
Ovo je snimak sa sigurnosne kamere u trenutku kada je nestala mala Danka! pic.twitter.com/iU6ujmZcaS
— dedalaki (@dedalaki1) March 27, 2024