(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) „Ова е терор!“ – Петмина убиени и десетици повредени во жесток напад на Херсон

Во рускиот напад утринава врз центарот на Херсон, на југот на Украина, загинаа пет лица, а најмалку 20 се ранети, а претседателот на државата, Володимир Зеленски, го осуди како терористички чин и посочи дека целта беше да се „заплашат“ Украинците, притоа оценувајќи дека станува збор за терор.

„Сабота наутро, на Божиќ, во центарот на градот! Тоа не се воени објекти. Тоа не е војна според дефинирани правила. Тоа е терор, тоа е убивање за да се застрашува и во тоа да се ужива“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Помошникот на шефот на претседателската администрација Кирило Тимошенко објави дека во гранатирањето загинале најмалку пет лица, а 20 се ранети.

Advertisements