На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како спрски полицајци бркаат и тепаат мигранти во прифатниот центар во Сомбор.
Српските медиуми пренесуваат дека видеото е објавено на Инстаграм страната на здружението MVI (Medical Volunteers International Serbia) и на него се гледа како униформирани полицајци тепаат двајца мигранти со палки и нозе, пишува Н1.
На видеото се гледа и како српски полицаец како со палка тепа млад човек кој лежи на земја.
Според непотврдени информации од социјалните мрежи, наводно се работи за малолетно лице.
Н1 наведува дека снимката е направена вчера во раните утрински часови, при редовна полициска акција на преместување на бегалци од прифатните центри на север во центри на југот на Србија.
View this post on Instagram