Поранешниот индиски политичар Атик Ахмед беше убиен заедно со неговиот брат за време на телевизиска изјава во живо за новинарите. Атик Ахмед, кој бил под полициска придружба, зборувал со новинарите кога бил убиен заедно со неговиот брат од страна на тројца напаѓачи, кои дошле на местото на настанот со мотори. Во престрелката биле ранети полицаец и новинар.
Инаку, Ахмед е осомничен за десетици киднапирања, убиства и изнуда. Локалниот суд го осуди него и уште двајца на доживотен затвор во март годинава, а тој секогаш тврдел дека само полицијата му се заканувала по неговиот живот, јавува Би-Би-Си.
На видеото од убиството, кое беше емитувано во живо на телевизија, а подоцна се појави на социјалните мрежи, се гледаат Ахмед и неговиот брат Ашраф, двајцата со лисици на рацете, како разговараат со новинарите.
По пукањето тројцата напаѓачи кои се претставувале како новинари се предале и биле приведени.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

