Вработените во Амбасадата на САД го напуштаат Бејрут по убиството на лидерот на Хезболах

Американскиот Стејт департмент нареди дел од персоналот на Амбасадата на САД во Бејрут и нивните семејства да го напуштат Либан поради зголемените тензии на Блискиот Исток по убиството на лидерот на Хезболах од страна на Израел, шеикот Хасан Насрала.

„Личните патувања на персоналот на Американската амбасада во Бејрут без претходно одобрение се забрануваат. Од безбедносни причини, на вработените може да им се наметнат дополнителни ограничувања со или без претходно предупредување поради зголемена закана или прашања поврзани со безбедноста, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Препораката се однесува на семејствата на вработените и секундарниот персонал.

Advertisements

Стејт департментот, исто така, ги повикува американските граѓани во Либан да ја напуштат блискоисточната земја, предупредувајќи дека дури и ограничените опции што се достапни сега за да го напуштат Либан може целосно да исчезнат доколку ситуацијата дополнително се влоши.

„Американската амбасада ги повикува американските граѓани во јужен Либан, во областите долж сириската граница и во бегалските населби веднаш да ги напуштат овие области“, се додава во соопштението.