Вучиќ бара смртна казна за убијците на Данка – „невино детенце почина поради лудаци и психопати“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во програмата на ТВ Информер накратко зборуваше за убиството на малата Данка Илиќ и рече дека сторителите на делото мислеле дека ќе останат неказнети.

– Тоа е се што можам да кажам. Во нашата земја има безброј луѓе кои знаат се за ова и за другите злосторства, би било премногу да зборувам за тоа. Јас ќе кажам нешто друго. Своевремено јавно се залагав да се размислува за повторно воведување на смртната казнa. Овој чин заслужува смртна казна. Ќе го повторам тоа барање до Владата на Србија, нека го разгледа – рече Вучиќ.

Тој потсети дека тоа го побарал по масакрите во „Рибникар“ и Дубона.

Advertisements

-Оправдувањата на оние кои се против смртната казна се сериозни. Ако еднаш згрешите, а после 10 или 30 години се утврди дека сте згрешиле, тоа е многу поголем грев отколку некому да му дадете помала казна. Пред да соопштам за смртта на Данка, знаевме дека детето е удрено со автомобил и уште неколку детали. Но, не знаевме со сигурност. И тогаш Гашиќ ми соопшти и дознавме дека детето не починало од ударот на автомобилот туку подоцна. Ако тогаш кога го соопштував тоа, покажев емоција, секој со право ќе ви рече дека тоа е неумесно. Како да се чувствувате кога знаете дека невино детенце починало поради лудаци и психопати – праша Вучиќ.