Вучиќ: Се што е потпишано во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се спроведе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се што е потпишано во дијалогот меѓу Белград и Приштина и што e потпишано од претставниците на Европската Унија мора да се спроведе.

Вучиќ во интервју за Еуроњуз посочи дека кога станува збор за Заедницата на српски општини, под покровителство на ЕУ се потпишани четири договори и тоа план за имплементација, принципи, управување и Првиот договор.

Advertisements

„Ова се четири договори. Веќе имаме потпишано сè и, се разбира, тоа го потпишаа претставниците на Европската Унија и тоа мора да се спроведе. И тоа не е крајната цел. Крајната цел е Србите и Албанците да живеат заедно, да живеат многу подобро и да се почитуваат, без непријателство.

„Не планирам да зборувам за нечија вина, не е важно дали тоа ќе се случи за три месеци или три години, но ако успееме, тоа ќе биде историски успех“, рече Вучиќ.