Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во обраќањето до јавноста изјави дека денешниот ден е еден од најтешките за Србија – тројца Срби се убиени на КиМ, двајца од снајперски оган од голема далечина, двајца се тешко ранети и се претпоставува дека е убиено и четврто лице.
„Им се извинувам на граѓаните што не можевме да го направиме тоа порано, бидејќи, како што знаете, од 1999 година немаме ефективна контрола над Косово и Метохија. И ни требаше долго време да истражиме што се случило утрово, во текот на попладневните часови, за да можеме да ја соопштиме вистината. А од друга страна да го подготвиме теренот за носење соодветни одлуки“, изјави Вучиќ.
Тројца напаѓачи беа убиени, а петмина беа уапсени по ноќната престрелка на северот на Косово, кога, според полициската управа во Приштина, еден полицаец беше убиен, а друг беше ранет. По конфликтот на влезот во Бањска, напаѓачите упаднале во дворот на манастирот, од каде наводно продолжиле да разменуваат оган со полицијата.
Блокиран е влезот во селото од магистралниот пат Косовска Митровица-Лепосавиќ, како и сообраќајот на административните премини Јариње и Брњак. Од правецот на Бањска на главниот пат се слушаат спорадични пукотници, јавуваат српските медиуми.