2022-12-08
Во тешка сообраќајна несреќа загина Миодраг Јешиќ, познатиот фудбалер и легенда на Партизан.
Сообраќајната несреќа се случила на патот Рума – Јарак, јавуваат српските медиуми.
Станува збор за една од големите легенди на ФК Партизан, клубот во кој беше и играч и тренер. Според српските медиуми, Јешиќ управувал со возилото, но во еден момент изгубил контрола и преминал на спротивната лента и се судрил со камион.
Јешиќ, фудбалската кариера ја почна во Жарково, по што пет години играше многу успешно во редовите на Партизан.
Роден е во градот Осеченица, во областа Колубара, а во јуниорската селекција настапуваше за Партизан.
Во далечната 1980 година играше за првиот тим на клубот од Хумска, а за речиси шест години забележа 144 настапи и постигна 13 голови.
Потоа се пресели во Турција, каде ги бранеше боите на Алтај и Трабзон до 1990 година, кога се врати во Партизан.
© Глaголица, glagolica.mk, 2025, Услови за користење