Тажната вест доаѓа од Германија, каде како последица на повредите во тешка сообраќајна несреќа загинал Мубарак Салами (26), кошаркар на клубот Драгон Рендорф.
До судирот дошло кога Салами со своето „хјундаи“ удрил во камион, а потоа изгубил контрола и се превртел на другата лента, од каде со сета сила во него удрил друг автомобил, јавуваат германските медиуми.
Во пожарот кој потоа избувнал уништени се и двете возила.
И додека возачот на другото возило успеал да се извлече од пламените јазици и да преживее, Салами, за жал, не успеал да се извлече од возилото, починал на лице место. Ниту брзата интервенција на брзата помош не помогна. Несреќата се случила на автопатот кон Хамбург.
Mubarak Salami ist tot.
Der 26-Jährige verstarb am Freitag in Folge eines Verkehrsunfalls auf der A7. Der gebürtige Hamburger war zuletzt in Diensten der @dragons_de, spielte zuvor bei den @basketswms – vor allem aber in seiner Heimstadt Hamburg beim Eimsbütteler TV.
(1/2) pic.twitter.com/ReuJc5V3F7
— BIG – Basketball in Deutschland (@BIG_Deutschland) February 26, 2023
Клубот на младиот кошаркар изрази сочувство до семејството.
„Се случуваат работи кои се неразбирливи и тешко се пренесуваат со зборови. На само 26 години, бранителот Мубарак Салами загина во трагична сообраќајна несреќа. Рендорф сака да изрази сочувство до семејството и најблиските на Мубарак Салами, кого секогаш ќе го носиме во нашите срца“.