Српскиот претседател, Александар Вучиќ, утринава на настан се скара со новинарка на Н1 која поставуваше прашања и рече дека држи говор и дека лаже.
„Се што рековте, излажавте“, изјави Вучиќ.
Вучиќ обвини и дека, како што рече, „лешинари и хиени“ организирале политички протести во Србија во време кога земјата е во голема тага.
„Да, ние сме некои кретени кои не ги интересираат децата, имам три деца, па некој ќе ми држи предавање дали сакам деца или не“, рече Вучиќ и обвини дека во јавноста се шират омраза и брутални лаги.