Застрашувачки детали од истрагата за Коста.К – истражувал дали ќе оди во затвор ако ги убие другарите, го читал Кривичниот законик

Коста К.(13), момчето кое пред два дена во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград  уби осуммина негови врсници и училишниот чувар Драган Влаховиќ и рани седум лица, детално го испланирал страшното убиство, но се интересирал и како да го избегне затворот , покажало вештачењето на неговиот телефон, дознава „Блиц“.

Според истрагата, момчето-убиец го планирал масовното убиство еден месец, а она што било откриено со прегледување на неговиот телефон е застрашувачко – Коста Кецмановиќ свесно го извршил убиството на своите врсници и на училишниот чувар бидејќи непосредно пред злосторството, тој го пребарувал Кривичниот законик на Србија на Интернет за да истражи дали децата можат да бидат кривично одговорни.

– Врз основа на истрагата, констатирано е дека нападот во училиштето го организирал сега затоа што знаел дека до 14-от роденден му преостануваат уште нешто повеќе од 2 месеци и дека му останало време да биде кривично неодговорен доколку стори кривично дело – вели извор за „Блиц“.

Advertisements

Според порталот, било утврдено дека Коста гледал американски блокбастер за масакр во училиште во Америка ноќта пред масовното убиство. Неколку часа подоцна извршил страшно злосторство.

Како што изјави Веселин Милиќ, шеф на управата на Град Белград по трагедијата, злосторството се подготвувало еден месец.

Милиќ на конференцијата го покажа и списокот што го нашле во станот на момчето. На него биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие. Покрај тоа, тој имал прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Сè што досега е утврдено во истрагата за невидената трагедија покажува дека Коста Кецмановиќ намерно  планирал да ги убие своите врсници и училишниот чувар.

Тој не бил под дејство на алкохол или психоактивни супстанци, а уште позастрашувачки е што за време на полицискиот распит, освен што не се каел за стореното дело, се однесувал дрско додека зборувал за жртвите.