Зеленски: Украинците нема да ми простат ако го дадеме Донбас

Не е фер што поранешниот американски претседател Доналд Трамп бара само од Украина да склучи договор, изјави во интервју за порталот „Аксиос“ украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Траен мир нема да се постигне ако победата едноставно ѝ биде предадена на Русија. Се надевам дека тоа е негова тактика, а не одлука. Спремен сум да разговарам за повлекување на трупите, но само ако и Русија ги повлече своите сили на еквивалентно растојание.

Доколку мировен договор предвидува едноставно повлекување на украинската страна од Донбас, жртвувајќи ги суверенитетот и државјанството на луѓето кои живеат таму, верувам дека тоа би било отфрлено на референдум. Луѓето никогаш нема да го простат ова. Тие нема да ми простат мене, нема да им простат на САД. Донбас е дел од нашата земја – изјавил Зеленски.

Според него, Украинците би прифатиле замрзнување на фронтот на сегашните линии.

– Ако го ставиме тоа во мировен договор, мислам дека луѓето би го поддржале на референдум. Тоа е мое мислење. Но, Русија инсистира на целосното преземање на Донбас преку разговори или со сила – рекол Зеленски.