Има луѓе кои само чекаат да им забиеш нож во грбот и веднаш се свртуваат против тебе жедни за одмазда. Ова се 2-та хороскопски знаци кои освен што не простуваат, се одмаздуваат на најсуров начин.
Јарец
Јарците се посебни карактери со кои тешко кој може да се сложи. Тие не сакаат кој и да е, а за да станете близок со нив, треба да одговарате на 9 од нивните 10 претстави за тоа каков треба да биде човекот до нив. Претставниците на овој знак се особено подмолни.
Тие се одмаздуваат во секунда и добро знаат како – така што да Ве заболи најмногу. Тие често се одмаздуваат и на нивни блиски луѓе, ако видат дека ги повредиле со некоја постапка. Затоа внимавајте како се однесувате со нив.
Бик
Добри се, мили се, даваат многу од себе, но ако некој ги повреди, следува апокалипса. Не им се допаѓа неправедноста и не можат да трпат нешто да не е во ред или некој да ги обвинува за нешто што не сториле. Претставниците на овој знак се мирољубиви суштества по природа, но никој не треба да им ги тестира границите, зашто потоа горко ќе жали.
Во нив се води внатрешна битка – да возврати или да молчи. Колку пати молчат, толку пожестоко возвраќаат потоа. Биковите си ја знаат цената и никогаш не дозволуваат некој да се однесува лошо или да си игра со нив. Нивната најсилна одмазда е тотално игнорирање на личноста која еднаш ги предала.