„Ненародната влада СДС-ДУИ остави 100.000 граѓани без право на глас“ – реакција од Левица

Анти-македонскиот двоец СДС-ДУИ, кој е при крај на своето криминално владеење, во Собранието гласаше ПРОТИВ продолжување на важењето на пасошите без „северна“, со што дрско и бесрамно оневозможија граѓаните кои имаат важечки пасоши со името Република Македонија да го остварат своето право да движење надвор од државата – но, и им го ускратија право на глас на 100.000 полнолетни граѓани кои немаат лична карта, a имаат пасош без нелегитимната „северна“ додавка во името, реагираат од Левица.

„Ова несфатливо работење против интересите на сопствените сограѓани е, не само одраз на вазалната надворешна политика на оваа ненародна влада, туку и очаен обид да се намали изборната излезност. Со оглед на тоа дека постои огромно про-опозициско расположение и решеност на граѓаните да гласаат за вистинска левичарска политичка опција, како Левица, и да ја пасокизираат анти-македонската СДС и конечно да ја испратат амнестираната ДУИ во опозиција, која треба да одговара за воени злосторства.

По тридецениската партизација на институциите и душманско владеење на СДС-ДПМНЕ-ДУИ, Македонија е доведена до состојба да не може да ги извршува своите базични државни функции, како обезбедување на лични документи за своите жители, но, на претстојните избори народот конечни има избор и можност да направи промена!

Advertisements

Единствено со поддршка на Левица и на нејзиниот кандидат за Претседател на Републиката, проф. д-р Билјана Ванковска, народот може да се избори за враќање на достоинството на нацијата и подобар живот!“, се вели во реакцијата на Левица.