Ненадејно почина познатиот клавијатурист и пејач Миша Стојичиќ.
Тажната вест ја потврдија и најблиските.
„Со голема тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека нè напушти мојот сакан вујко Миша. Ќе го паметиме по неговата добрина, топлина и сè што направи за нас. Засекогаш ќе остане во нашите срца. Нека му е вечна слава и благодарност. Датумот и времето на погребот ќе бидат дополнително објавени“, објави член на семејството.
И српската естрада се простува од омилениот музичар на многу познати пејачи.

Миша соработуваше со големи имиња, меѓу кои се и Џеј Рамадановски и Јелена Карлеуша.


