СВР Штип работи на расчистување на случајот со пронајдената мртва 26 годишна кавадарчанка во куќа каде престојувала како потстанар.
Неофицијални информации говорат дека девојката дошла во Штип каде мајка ѝ издржувала затворска казна, а тоа е всушност жената која лани уби човек во Кавадарци, а потоа го запали неговото тело.
Починатата Х.Б живеела во Штип, а во Кавадарци одела поретко каде имала брат и татко со кого имала проблеми, а пред неколку месеци и физички го нападнала. Ова укажува на друг момент од нејзиното психичко однесување, кое веројатно било контролирано со медикамент.
Засега ова се само претпоставки бидејќи резултатите од обдукцијата се уште не се познати. Од МВР денеска го потврдија случајот со смртта на Х.Б, потврдувајќи ги наводите на ТВ Стар дека вчера таа е пронајдена почината во изнајмениот стан на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во Штип.