Овие 3 хороскопски знаци ќе преживеат „бура“ до крајот на месецот

Експертите за астрологија истакнуваат дека крајот на април ќе донесе големи промени, особено поради затемнувањето на Сонцето и ретроградниот Меркур. Овој огнен месец ќе биде со Сонцето и Јупитер во Овен, во кој првото затемнување во годината ќе биде одговорно за започнување на нешто ново.

Исто така, Сонцето влегува во фаза на Бик, па започнува циклус кој е ориентиран кон успех, материјално и амбиции. Секоја промена што се случува, како и предизвик, ве поттикнува на акција.

Овен

Advertisements

Претставниците на овој знак ќе имаат желба да го започнат целиот живот од почеток, како ова да е последна шанса и да не може повеќе да се одложува. Затоа, Овенот може решително и наеднаш да ја смени работата, да го смени изгледот, да размислува и за развод или брак.

Затемнувањето ќе влијае и на вашиот однос кон себе и кон другите, ќе сакате да се промените себеси, околината и да живеете поинаку. Одлуките ќе ви донесат раст, без разлика што ќе одлучите да правите.

Лав

Лавовите ќе се пробијат до нова перцепција на реалноста. Очекувајте некој совет или мотивација од ценета личност која ќе ви биде отскочна даска. Оваа енергија може да ви предизвика вртоглавица и може да се чувствувате малку преоптоварени.

Големите промени можат да бидат поврзани со идеи за образование, патување или меѓународен проект.

Стрелец

За претставниците на овој знак може да се случи пробив и радикална промена на полето на децата и семејството. Што и да се промени, можете да се радувате на некој убав и среќен настан, како и позитивни вести. Можеби размислувате да отворите бизнис или можеби имате ново хоби кое може да биде поврзано со спортот.

Некои може одеднаш да се заљубат и да влезат во нова врска која ќе ви даде повеќе среќа, самопочит и радост, па ќе се чувствувате уште поживи.