Пристигнуваат пари за oвие хороскопски знаци! Еве кој ќе се опари во месец март!

Февруари е речиси на крајот па доаѓа периодот на големи астролошки промени поради влегувањето на Сатурн во знакот Риби, а тоа значи дека одредени знаци ќе имаат подобра финансиска среќа од другите.

Сите астролози се согласуваат дека март е еден од најважните месеци во годината бидејќи на 7 март Сатурн, планетата на кармата, по речиси 30 години влегува во знакот Риби и ја менува нашата судбина.

Advertisements

Уран во Бик не принудува да штедиме но и да наоѓаме нови извори на приход. Влегувањето во новата ера на Рибите ќе не принуди да ги преиспитаме нашите животни вредности.

Еве кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа кога станува збор за парите…

Овен
Планетата на среќата, Јупитер е во вашиот знак до 16 мај, па затоа треба да играте игри на среќа. Покрај тоа, Венера влегува во Бик во март, што носи постабилен финансиски период. Поради присуството на Венера во втората куќа, можете да очекувате убави подароци.

БИК
Во март Меркур ќе биде во вашата единаесетта и дванаесетта куќа, па ќе соработувате со пријателите за пари. Ова може да биде и добро и лошо, бидејќи ќе ви биде тешко да земете пари од луѓето за кои се грижите. Во вториот дел од март ве очекува нов извор на приходи.

БЛИЗНАЦИ
На вашите маки им доаѓа крајот. Во втората половина на март конечно доаѓа спас од лошите периоди кои траат веќе половина година. Затоа финансиската состојба конечно се подобрува.

РАК
Во март ќе имате големи амбиции и ќе сакате да постигнете резултати преку ноќ, но сепак ќе треба да научите да вежбате трпение. Март е многу променлив и ќе ви донесе големи трошоци, особено во вториот дел од месецот.

ЛАВ
Можете да очекувате пари од странство. Ќе добиете и можност за заработка од странска компанија. Од средината на март влегувате во одличен финансиски период, па многу ќе профитирате.

ДЕВИЦА
Вие сте еден од знаците кај кои март ќе донесе големи промени. Затоа треба да се грижите за финансиите и да не земате кредити.

ВАГА
Првата половина на март е добра, додека во втората ќе имате големи трошоци. Треба да бидете внимателни бидејќи ќе треба да направите големи инвестиции кои можат да бидат погрешни.

СКОРПИЈА
Преку деловен проект ве очекува голема добивка. Ќе успеете да договорите ново деловно партнерство. Пред вас е успешен месец за заработка.

СТРЕЛЕЦ
Ве очекуваат нови трошоци поради станот. Односно, некој Стрелец ќе одлучи да купи недвижен имот или да земе заем. Ќе имате многу поголема одговорност кога се парите во прашање. Имате рок до 16 мај да играте игри на среќа.

ЈАРЕЦ
По три години влегувате во подобар финансиски период. Сатурн во Риби ви носи подобри можности за заработка. Поголема заработка ве очекува веќе на почетокот на март.

ВОДОЛИЈА
Вие сте знакот кој конечно ќе осамне по речиси три години. Сатурн го напушта вашиот знак и поради тоа многу блокади ќе исчезнат. Парите ќе ви се лепат во март бидејќи излегувате од долгорочен лош период.

РИБА
Сатурн, планетата која ја одредува вашата судбина влегува во вашиот знак по речиси 30 години, па ќе ве стави на тест. Подгответе се за забавување на финансиските трансакции. Нема да се збогатите, но ќе имате доволно пари. Тоа може да биде помалку отколку што очекувавте.