Професорот Богојески ја повика Владата брзо и решително да ги заштити граѓаните и да го стабилизира пазарот!

Петар Богојески, професор по јавен и политички менаџмент и претседател на Македонски концепт во контекст на последните поскапувања пред празниците и напори на Владата да се справи со нефер трговските практики има неколку предлог мерки кои значително можат да помогнат да се најде најдобро решение и за стабилност на пазарот и за семејниот буџет на граѓаните.

„Во услови на растечки предизвици со цените на малопродажбата, сметам дека е од клучно значење Владата да преземе итни и ефикасни економски мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на граѓаните. Најнапред, потребно е да се стимулира конкуренцијата на пазарот преку поддршка за нови компании и олеснување на пристапот за мали и средни бизниси. Конкурентниот пазар е најдобриот регулатор на цените, вели д-р Богојески.

Професорот Богојески ја повика Владата да дејствува брзо и решително, оти само така ќе може да им помогне на граѓаните:

Advertisements

„Дополнително, апелирам до Владата да размисли за таргетирани субвенции за основни прехранбени производи, како и за временско намалување на ДДВ на тие производи, со цел директно да им се помогне на граѓаните. Исто така, потребно е да се зајакне транспарентноста на трговските практики, да се спречат евентуални злоупотреби и да се поттикне домашното производство преку субвенции и други форми на поддршка. Сите овие мерки, заедно со политика на ЦВРСТА РАКА, ќе помогнат да се ублажи ударот врз животниот стандард на граѓаните, истовремено обезбедувајќи одржливост и стабилност на пазарот. Охрабрувам Владата да делува решително и брзо, бидејќи секое одложување ќе значи дополнителен товар врз семејните буџети“, вели д-р. Богојески, професор по јавен и политички менаџмент и претседател на Македонски концепт.