Април годинава може да се нарече „огнен“ месец. Сонцето и Јупитер ќе бидат во Овен, а во истиот знак ќе се случи и првото затемнување во годината. Со оглед на тоа што Овенот е задолжен да започне нешто ново, тоа сигурно ќе ги „натера“ некои знаци да постапат многу решително и во еден ден да им го променат животот.
Најважните промени ќе се случат во животот на три хороскопски знаци – оние луѓе чии планети во наталната карта се во елементот на оган.
Овен
Претставниците на овој знак ќе имаат желба да го започнат целиот живот од нула, како да е последна шанса и не може повеќе да се одложува. Затоа, Овенот може решително и наеднаш да ја смени работата, да го промени својот изглед или имиџ, а може да размислува и за развод или брак.
А затемнувањето ќе влијае на вашиот однос кон себе и кон другите, како да сфатите дека сакате да се промените себеси, вашата околина и да живеете поинаку. Затоа, што и да одберете да промените ќе ви донесе раст, без разлика колку е страшно тоа што сте го направиле.
Лав
Лавовите ќе се пробијат до нова перцепција на реалноста. Очекувајте некој совет или мотивација од ценета личност која ќе ви биде отскочна даска. Оваа енергија може да ви ја „сврти“ главата и да се чувствувате малку преоптоварени.
Поголемите промени може да се однесуваат на идеи за образование, патување или меѓународен проект.
Стрелец
За претставниците на овој знак може да дојде до пробив и радикална промена во прашањето за децата – бременост, раѓање на дете или во случај на возрасни деца, некој убав и радосен настан.
Можеби ќе размислувате за отворање бизнис или ќе имате ново хоби кое може да биде поврзано со спортот. Одеднаш ќе се заљубите и ќе влезете во нова врска која ќе ви даде повеќе среќа, самопочит и радост и ќе се чувствувате уште поживи.