Тамара важи за една од најпознатите астролози на нашето време, а таа открива дека еден знак ќе биде најсреќен ова лето.
Астрологот Тамара Глоба истакна дека во текот на летото 2023 година, среќата ќе го придружува Овенот. Претставниците на овој хороскопски знак ќе се снајдат добро во која било област. Што и да допрат, ќе успеат.
– Јупитер, ѕвездата на кралевите, влезе во знакот Овен. Оваа година ќе биде период на успеси, раст во работата, нови можности и проекти – рече Глоба.
А на крајот на мај, како што истакна астрологот, Овенот ќе има среќа и на љубовен план. Ќе ја пронајдат долгоочекуваната љубов за која долго време сонувале.
Од друга страна, Глоба ги предупреди Девиците да не фрлаат пари, особено кон крајот на пролетта. Според неа, девиците треба поекономично да управуваат со своите финансии, а не да ги фрлаат.
– Тешкотиите се поврзани со трошоците, па што и да заработите, веднаш ќе потрошите. Не тресете го многу паричникот оваа пролет – вели Тамара.
Покрај тоа, претставниците на овој хороскопски знак треба да направат пауза. Астрологот препорачува да се оди на одмор, пред вредните Девици да почнат да имаат сериозни здравствени проблеми.