Убава вест! Парите легнаа, овие граѓани да си ги проверат сметките

Априлската пензија се очекува да биде исплатена на втори мај (четврток), со оглед дека први мај е неработен ден. Некои од банките пензијата најверојатно ќе ja исплатат и пред празникот.

Мартовските пензии беа покачени за 5%, додека следното покачување се очекува во септември.

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за април од вторник 30.04.2024 година.

Advertisements

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник 30.04.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок.

А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот.