На социјалните мрежи се појави непристојна снимка од матурант кој му покажува среден прст на полициски службеник, додека е качен на автомобил и игра на жива музика во Скопје.
Од МВР велат дека веќе го утврдиле неговиот идентитет.
„За лицето кое недолично се однесува на јавно место, утврден е идентитетот и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош, ќе биде повикан во Пoлициската станица Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави“, велат од полицијата.