За овие хороскопски знаци до 26-ти февруари следува голема среќа!

Прочитајте каква недела ве очекува.

ОВЕН
Самоуверено ќе ги браните вашите работни и бизнис интереси и активно ќе учествувате во различни преговори, но притоа не обрнувајте внимание на различни коментари. Ситуациите кои не се по Ваша мера и вкус ќе одбивате да ги слушнете и не дозволувајте некој да ја менува вашата работна и бизнис стратегија и стил на работа. Ориентирани ќе бидете кон големи идеи, но со реални можности за успех. Во љубовниот однос не зборувајте премногу, бидејќи вашите постапки доволно зборуваат за Вашите намери или чувства кои ве исполнуваат. Нечие присуство и „нежниот допир“, ќе делуваат многу исправно и ќе ве наведуваат на племенито однесување. Зрачите со позитивна енергија и емотивен занес.

БИК
Совесно ќе ги исполнувате својот дел од обврските или официјалните договори, но имајте на ум дека постојат соработници кои имаат поинакви мерки на вредност и често ја менуваат сопствената стратегија на однесување. Не постојат причини некој да влијае на вашата професионална несигурност. Бидете промислени во врска со финансиските трансакции и немојте да дозволувате некој да одлучува во Ваше име за зедничките цели. Во љубовниот однос ќе имате различни потреби, за разлика од оние кои вашиот партнер ги очекува или препознава на основа на Вашето однесување. Ќе ве преплави романтично расположение и ќе посакувате идилична врска. Немојте да се откажувате од своите емотивни намери.

Advertisements

БЛИЗНАЦИ
Некој ќе ги критикува вашите идеи и вашето однесување кон соработниците, но сето тоа нема многу да ве вознемири или возбуди. Вашата цел ќе биде да остварите успешни резултати и да ја подобрите сопствената финансиска позиција. Вешто ќе пронаоѓате заобиколни решенија и нема да прифаќате ултимативни понуди. Ќе умеете да ги наметнете сопствените професионални цели и високи критериуми. Во љубовниот живот ќе мислите дека сите проблеми се позади Вас. Сепак, некој може да ве изненади на непријатен начин. Нема причина да ја преувеличувате сопствената улога или емотивните потреби пред саканата личност. Доколку сте млади или слободни, премногу очекувате од една средба која нема во потполност да ги исполни вашите очекувања.

РАК
Ќе бидете фокусирани на осмислување на добра бизнис стратегија, па со тоа бидете доволни промислени во проценката на вистинските вредности. Некој внимателно го анализира вашето однесување или изјавите кои ги давате. Избегнувајте ја јавната расправа со соработниците кои користат различни работни или бизнис критериуми. Постојат цели кои можете да ги остварите на некој заобиколен начин. Во љубовниот живот ве очекува позитивен пресврт. Сепак сопственото интимно расположение задржете го за кругот на блиски пријатели. Неопходна ви е емотивна дискреција, посебно кога се наоѓате пред љубопитните погледи или во непознато друштво. Во согласност со сопствените намери немојте да зборувате премногу отколку што е потребно.

ЛАВ
Во согласност со ваште афинитети ќе избирате работа за која ќе ви се чини дека има најмногу шанси за успех и поширока афирмација. Потребно е да осмислите добар план и да ги пресретнете во намерите некои ваши соработници. Правилната информација и добрата бизнис организација ќе водат кон успех, но важно е ефикасно да ги остварите вашите цели без премногу расправа. Ќе бидете преплавени со различни емоции, но внимателно одмерувајте ја добрата прилика во која ќе можете да ги изразите вашите желби или чувства во друштво на блиска личност. Понекогаш тешко ќе го контролирате сопствениот занес или страсти, но вашиот израз на лицето доволно ќе зборува за она што мислите и чувствувате. Нема да можете да побегнете пред нечие интересирање.

ДЕВИЦА
Благодарејќи на новите информации за работните и бизнис можности ќе го проширувате вашето интересирање во различни правци. Се наоѓате во сјајна можност да остварите долгорочни бизнис интереси. Во споредба со вашите соработници Вие често го гледате „главниот збор“ и умеете да остварите добра позиција. Важно е да ги поттикнете двонасочните контакти. Случувањата кои ве пратат во љубовниот живот ќе дејствуваат охрабрувачки. Ќе чуствувате голем емотивен набој и задоволство во друштво на саканиот(ата). ДОбро ќе ви дојде нечие однесување и спремност да Ви угоди на различни начини. Ако сте млади или слободни, ве очекува интересен контакт и нови познанства. Некој ќе ве шармира со сопствената појава и стил на однесување.

ВАГА
Нема да сакате да ризикувате во бизнис-финансиските преговори, но ќе приметите дека некој од соработниците индиректно ги менува почетните улоги и се обидува да ги протурка сопствените цели. Доколку не ги испочитувате нечии барања, ве очекуваат дополнителни компликации и зборови на критика. Не можете да ги промените сегашните околности на бизнис сцената и да ги занемарите сопствените обврски.Потребно е подобро да се прилагодите. Ќе барате повеќе разбирање и нежност во љубовната врска. Партнерот понекогаш ќе има необични идеи и со сопственото однесување во вас ќе поттикнува чувство на несигурност. Потребно ви е нечие присуство, но и одреден степен на емотивна слобода. Ќе претчусвувате значајна промена во односот со саканиот(ата).

СКОРПИЈА
Ќе се најдете во креативна фаза, но постојат различни околности кои ќе го ограничуваат Вашето влијание. Случувањата на работната сцена ќе имаат променлив ток, вештината на прилагодување во одредени ситуации ќе ви донесе најдобар ефект. Потребно е да се ориентирате кон долгорочните интереси, но и да го прифатите современиот тренд на изразување. Важно е да влевате емотивна подршка на својот партнер и верно да ги следите заедничките идеи. Саканата личност може да ги исполни вашите очекувања, но претходно морате да создадете хармонична врска. Потпрете се на емотивните поттици кои ве пратат и на сопствениот „внатрешен глас“. Вашето внатрешно задоволство или сјај, претставуваат одраз на заедничката среќа.

СТРЕЛЕЦ
Ќе дејствувате одлучно во своите намери и ќе ве инпонира созанието дека опкружуавањето ги подржува вашите идеи. Новото сознание позитивно ќе се одрази на вашата професионална ориентација. Ќе умеете да ја процените поволната ситуација на бизнис сцената и да осмислите добар настап пред соработниците. Обрнете вниамние на можноста за партнерско здружување на подолг временски период. Ќе претчувствувате дека се наоѓате на емотивна пресвртница, и со тоа внимателно анализирајте го сопствениот партнер или личноста која ви се допаѓа. Љубовните случувања кои ги насетувате имаат необичен шарм и ќе ве исполнуваат со позитивно расположение и занес. Емотивната усогласеност претставува најубав одраз на интимната среќа која ве прати.

ЈАРЕЦ
Ќе настојувате да ги проширите сопствените професионални интереси и различни правци, но постојат ситуации кои бараат дополнителен напор. Ќе ви се чини дека губите драгоцено време или енергија, додека ги слушате соработниците за различни бизнис идеи кои немаат перспектива. Бидете реални, прифатете ги работите за кои имате доволно знаење и или искуство. Во љубовниот живот не можете да останете рамнодушни на нечија појава или влијание, постојат постапки и детали кои ви откриваат повеќе отколку што претпоставувате. Полека ја губите емотивната контрола. После средбата со една личност, ќе ви биде јасно во што сте досега згрешиле во љубовните врски.

ВОДОЛИЈА
Потребно е да дефинирате листа на приоритети со согласност со нивните случувања на работната и бизнис сцена и по основните критериуми кои се применуваат. Избегнувајте ги средбите со личности кои ви предизвикуваат непријатности, бидејќи не е вистински момент за пресметка со неистомислениците. Посветете вниамние на работите кои ќе ви донесат конретни резултати и финансиска добивка. Во љубовниот живот не можете да здивнете пред личноста која упорно ви ги наметнува нејзините барања. Ќе чуствувате потреба емотивно да се препуштите, без дополнително стравување за можните компликации и изневерени очекувања. Потребна ви е поголема емотивна наклонетост и ментална блискост со личности со слични афинитети.

РИБИ
Ќе дејствувате многу промислено и комплетната ситуација на работната и бизнис сцена ќе ја процените од различни аспекти. Потребно е да се определите за долгорочно бизнис-финансиско решение и за сигурно партнерство. Успехот се сведува да детално планирање и на правилна процена на бизнис можностите, но и својата креативна енергија да ја насочите кон корисни цели. Во односот со саканиот(ата), нема потреба упорно да го повторувате дијалогот или ситуацијата кои не го донесуваат саканиот ефект. Вашиот партнер не е совршен, но не и расположен за прекумерна доза на критика. Секогаш постои посуптилен начин на кој можете да ги остварите сопствените емотивни намери, но бидете доволно инспиративни и нежни.