Кралицата на рокот загуби уште еден свој син – почина Рони, се задушил на улица

Овој пат дадов се од себе. Не можев да те спасам, објави сопругата на Рони Тарнер, синот на Тина Тарнер кој починал надвор од својот дом во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми.

Полициски извори велат дека вчера наутро добиле повик од лице кое кажало дека Рони има проблеми со дишењето.

Веднаш била повикана брза помош, а додека тие да пристигнат, наводно случајни минувачите се обидувале да му помогнат на синот на Тина Тарнер.

Advertisements

Брзата помош по пристигнувањето констатирала смрт на 62-годишниот маж. Тој починал надвор од својот дом во Лос Анџелес.

Засегае не се знае точната причина за смртта, но познато е дека Рони со години се борел со ракот.

Другиот син на 83-годишната Тина, Крег почина во 2018 година. Тој се самоуби во својот дом.

„Најтажниот момент во мојот живот. Во четвртокот, 19 јули 2018 година, му кажав последно збогум на мојот син, Крег Рејмонд Тарнер, додека се собрав со семејството и пријателите да ја соберам неговата пепел покрај брегот на Калифорнија. Тој имаше педесет и девет години“, напиша тогаш Тина.