Вучиќ: Владата на Србија го усвои барањето за враќање на безбедносните сили на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва по седницата на Владата на Србија за РТС изјави дека едногласно е донесена одлука вечерва во електронска форма, а утре на административниот премин на командантот на КФОР да биде доставено барање за враќање на српските безбедносни сили на територијата на Косово.

Говорејќи на РТС, тој додаде дека слушнале дека тоа нема да биде прифатено.

„Одлуката е донесена едногласно и тоа е почитување на јавното право и е важно за заштита на населението и за контрола на граничните премини. Речиси сме сигурни дека нема да биде прифатено, но чекаме тоа да го добиеме на хартија. Ова е првпат една влада да го усвои ова. Важно е да има барање. Тоа би придонело за мир, а тие го толкуваат како прст во око“, изјави Вучиќ.

Advertisements

Претседателот на Србија денеска присуствуваше на седницата на Владата на Србија, а во текот на денот изјави дека ситуацијата е многу комплицирана.

„Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме мирот и стабилноста“, рече Вучиќ.

Коментирајќи го барањето на Косово за членство во ЕУ и одговарајќи на прашањето кога Србија ќе ги покаже нотите на земјите кои го повлекоа признавањето на независноста на Косово, Вучиќ рече дека се прекршуваат договорите од Брисел и Вашингтон.