ВМРО-ДПМНЕ бара Арсовска на суд да докаже дека имала закани -„ Крајно сме загрижени за психофизичката состојба на градоначалничката“

ВМРО-ДПМНЕ вечерва веднаш по интервјуто на градоначалничката Данела Арсовска за Канал 5, реагира на нејзините тврдења дека имала закани од лидерот Христијан Мицкоски.

Партијата бара Арсовска на суд да ги докаже своите искази за закани.

Advertisements

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во продолжение интегрално:   

„Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени.

Арсовска има должност, со оглед на тешките последици врз скопјани што се предизвикани од нејзината деструктивност и компулсивност, да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност.

Сепак, имајќи ја предвид тежината на обвинувањата што ги искажа во интервјуто, независно од истакнатото, приморани сме да побараме тоа да го докаже во редовна постапка пред македонските судови. Истовремено, веруваме дека до тогаш јавноста и на писмено ќе се увери во вистинската психолошка состојба на оваа личност, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во „Само интервју“ на Канал 5.