Владата преку Министерството за транспорт реализира набавка на 100 нови возила за потребите на „Македонска пошта“.
Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на АД Македонска пошта, Орхан Куртиши, денеска присуствуваат на промоција на 100 нови возила, за потребите на АД „Пошта на Македонија“.

Просечната старост на возилата со кои досега работеше „Македонска пошта“ е околу 15 години, тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност
-Денеска зборуваме за една важна инвестиција, која не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем кој со години беше оставен да се справува сам со предизвиците – изјави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД „Македонска пошта“.


