Поевтинуваат горивата – дизелот за четири денари

Цените на повеќето горива од полноќ повторно се менуваат, при што најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло, додека цената на бензинот Еуросупер БС-95 останува непроменета.

Литар дизел, од полноќ, ќе се точи по 89,50 денари. Новата цена е за четири денари пониска од минатонеделната. Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек, за 1,78 отсто. Промена нема единствено за бензинот еуросупер БС-95, и во текот на оваа недела ќе се продава по 85 денари за литар.

За половина дена поевтинува еуросупер БС-98, а новата цена е 86,50 денари за литар. Литар екстра лесно масло ЕЛ-1 ќе се продава за 94 денари (намалување за 4,50 денари.

Мазут М-1 НС поскапува за 0,248 денари и килограм ќе чини 49,968 денари.

Овие пресметки се базирани на движењата на светскиот пазар. Референтните цени на нафтените деривати, во просек, се пониски – кај бензините за 0,444 %, кај дизелот за 6,073 %, а кај екстра лесното масло за 6,495 %. Цената на мазутот е зголемена за 0,791 насто.