Туристите изненадени од цените во Грција: Цените на гиротo драстично пораснаа ВИДЕО

Летувањето во Грција е речиси незамисливо без гиро, а неговата цена варира од сезона во сезона. На страницата „Грција инфо“ е објавен нов ценовник од познат ресторан во Никити на Ситонија.

Туристите кои веќе престојувале во Грција оваа година ги открија цените на гиросот и во други грчки летувалишта.

Никити (Ситонија)

  • Гирос пита: 5,30 евра
  • Гирос порција: 12 евра
  • Сендвич: од 4 евра

Ханиоти

  • Гирос пита (мала): 5 евра
  • Гирос порција (голема): 10 евра

Атина

  • Гирос пита: од 3,60 евра
  • Гирос порција: од 9 евра

Други места во Грција

    • Неос Мармарас – гирос пита: 5 евра
    • Торони – гирос пита: 5 евра
    • Крит – гирос пита: 5 евра
    • Полихроно – гирос пита: 4,50 евра
    • Аспровалта – гирос пита: 4 евра
    • Паралија – гирос пита: 4 евра
    • Флогита – гирос порција: 9 евра
    • Лутраки – гирос пита: 3,80 евра
    • Ставрос – гирос пита: 3,50 евра
    • Едипсос – гирос пита: 3,50 евра
    • Јерисос – гирос пита: 3 евра
    • Волос – гирос пита: 2,90 евра

Во текот на 2025 година, цените на гиросот во Грција зависеа од летувалиштето, при што северна Грција традиционално беше поевтина од островите.

Во просек, цените се движеле вака:

    • Гирос пита: од 3 до 4,50 евра
    • Гирос порција: од 7 до 10 евра

На поексклузивни дестинации и плажи, цената на гиро достигнувала и до 6 евра, додека порциите во некои ресторани чинеле и до 12 евра.

Кога станува збор за цените на храната и пијалаците во Грција, големи поскапувања оваа сезона сепак нема. Според туристичките работници, цените на храната, пијалаците и основните производи главно се на нивото од минатото лето, со мали отстапувања кај одредени производи.

Advertisements

Слична е ситуацијата и на плажите во северна Грција, каде во најголем дел од случаите лежалките и понатаму се добиваат со нарачка на едно или две пијалаци, без дополнителна доплата.

Од друга страна, туристичките аранжмани се нешто поскапи од минатата година поради инфлацијата, повисоките цени на горивото и зголемените трошоци за превоз и сместување. Сепак, Грција и понатаму останува една од најбараните летни дестинации за туристите од регионот.