Македонската естрада тагува: Почина жената која ги напиша најубавите македонски хитови

Македонската естрада вечерва се простува од Радмила: Почина жената која ги напиша најубавите македонски хитови

Македонската естрада се простува од текстописецот Радмила Митровиќ, авторка на бројни народни хитови, која почина денеска.

Веста за нејзината смрт преку емотивна објава на социјалните мрежи ја сподели Тања Тајчи Додева позната како искрен поддржувач и голем љубител на македонската музика.

„Почивај во мир мила моја Радмила Митровиќ… Иако не се знаевме многу долго, имавме преубаво мислење една за друга. Скромна, ненаметлива текстописец која ги напиша најубавите хитови“, напиша Додева.

Митровиќ го напиша текстот за „Свадба е голема“, а му­зи­ка­та и аранж­ма­нот се на неј­зи­ни­от братучед Ни­ко­ла Ми­тро­виќ. Радмила Митровиќ зад себе остави богата музичка ризница и текстови за дел од најпознатите македонски народни песни.

Меѓу нив се „Љубице“ од Мишко Крстевски, „Сполај ти мајко мила“ и „Сегде појди, дома дојди“ од Благица Павловска, „Егејска Голгота“ од Ирена Спасовска, „Твој сум човек“ од Гоце Арнаудов, „Свадба Тетовска“ од Адријан Алачки, „Роден сум за песна“ од Марјан Коцев, „Грло имам со два гласа“ од Нино Величковски и многу други.

Advertisements

Нејзините песни со години живеат меѓу народот и остануваат дел од македонската музичка традиција.

„Слава ти, царство небесно“, стои во објавата на Тања Додева.