Повисоки пензии за сите: Наскоро почнува новото зголемување

Македонските пензионери ги очекува ново законско усогласување на пензиите во септември, кое ќе се пресмета според важечката методологија, земајќи ги предвид економските показатели, растот на трошоците за живот и движењето на платите.

По последното линеарно зголемување од 1.000 денари, следното покачување ќе биде утврдено врз основа на официјалната пресметка што во наредниот период треба да ја објават надлежните институции.

Пензионерите очекуваат наскоро да бидат соопштени точните детали за септемвриското усогласување, како и процентот и висината на новото покачување. Новите, повисоки пензии ќе почнат да се исплаќаат со септемвриската исплата.

Оваа промена ќе опфати повеќе од 340.000 пензионери во земјава, кои со нетрпение ја очекуваат новата пресметка во услови на зголемени трошоци за живот.

Според официјалните податоци, во периодот од септември 2024 година до март 2026 година, пензиите се зголемиле за вкупно 7.000 денари месечно, што претставува раст од околу 36 проценти. Во истиот период, минималната пензија е зголемена за 61,75 проценти, што значително ја подобри финансиската состојба на пензионерите со најниски примања.

Очекувањата се дека по објавувањето на официјалните економски показатели ќе биде познат и точниот износ на септемвриското усогласување. До тогаш, пензионерите остануваат во исчекување на пресметката што ќе покаже колкаво ќе биде следното покачување на нивните месечни примања.

Advertisements