Филипче за Курбан Бајрам: Силата на општеството се мери преку обединетоста и хуманоста

Венко Филипче упати честитка до верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.

Во честитката, Филипче истакнува дека Курбан Бајрам е симбол на човечност, пожртвуваност и грижа за другите, потсетувајќи дека вистинските вредности се во солидарноста, меѓусебната поддршка и подадената рака.

Тој посочува дека празникот е поттик за повеќе разбирање, почит и заедништво, нагласувајќи дека силата на едно општество се мери преку неговата обединетост и хуманост.

На крајот од честитката, Филипче упатува желби за духовен мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом, со честит и благословен Курбан Бајрам.