Oвие граѓани денес да си ги проверат сметките – предвреме им се исплатени парите

Халкбанк АД Скопје ги информира пензионерите дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и средствата се достапни од денес, 27 мај 2026 година.

Корисниците можат да располагаат со своите средства преку сите филијали на Халкбанк, банкоматите низ државата, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Од банката потсетуваат дека пензионерите кои имаат дадено согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

„Важни се луѓето“, порачуваат од Халкбанк АД Скопје.