Српската компанијата Mlekoprodukt од Зрењанин соопшти дека од пазарот повлекува една серија од сирењето „Ile de France Petit Brie“ (125 грама) поради сомнеж за присуство на ентеротоксини произведени од бактеријата *Staphylococcus aureus*.
Станувa збор за производ со рок на употреба до 6 јуни 2027 година и ознака на серија (лот) S26097F3P3.
Од компанијата апелираат потрошувачите кои го поседуваат овој производ да не го консумираат и да го вратат во продавницата каде што го купиле.
Поврат на парите ќе биде овозможен и без фискална сметка.
Ентеротоксините можат да предизвикаат гастроинтестинални проблеми, меѓу кои мачнина, повраќање и стомачни тегоби, кои може да се појават неколку часа по консумирањето на производот.
Од компанијата препорачуваат сите лица кои го консумирале сирењето и почувствувале вакви симптоми да се обратат кај својот лекар.



