ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВААТ популарните чоколатца од продажба: Издадено предупредување до потрошувачите

Државниот инспекторат на Хрватска издаде итно предупредување и повлече од пазарот серија од популарните протеински чоколадни плочки „Barebells Soft Protein Bar Coco Choco“ поради присуство на неозначени алергени.

Станува збор за производот:

BAREBELLS Soft Protein Bar Coco Choco 55 g

ЛОТ број: L 6055-R
Рок на употреба: 24.02.2027 година

Според надлежните институции, на декларацијата не биле наведени алергени од кикиритки и соини протеини, што може да претставува сериозен здравствен ризик за лицата кои се чувствителни или алергични на овие состојки.

Од инспекторатот нагласуваат дека предупредувањето се однесува исклучиво на оваа серија на производот.

Advertisements

За потрошувачите кои немаат алергија на кикиритки или соја, производот не претставува ризик и може да се консумира без ограничувања.

Производител на повлечениот производ е EMPWR Netherlands BV од Холандија, а производот се продавал во малопродажната мрежа на „Müller“.

Надлежните апелираат лицата кои имаат алергии на кикиритки или соја да не го консумираат производот и да го вратат на местото на купување.