Во Хрватска се повлекува производ од маркетите: Откриена бактерија во популарна салама

Компанијата „Гроф Ловски“ во Хрватска итно повлекува од продажба салама од дивеч во пакување од 250 грама, откако при контрола било утврдено присуство на опасната бактерија Listeria monocytogenes.

Производот бил дистрибуиран во малопродажниот синџир „Конзум“ во Хрватска, а потрошувачите се повикани веднаш да ги проверат сериите на производите што ги имаат дома и да не ги консумираат доколку се дел од повлечените серии.

Повлекувањето се однесува на следните серии:

LOV5026030626
LOV5026010626
LOV5026260526

Од компанијата соопштија дека производот не ги исполнил микробиолошките критериуми за безбедност на храната поради присуството на бактеријата Listeria monocytogenes.

Потрошувачите во Хрватска кои го купиле производот можат да го вратат во продавницата каде што е купен и ќе добијат поврат на средствата, дури и без приложување на фискална сметка.

Advertisements

Од компанијата нагласуваат дека безбедноста на потрошувачите е нивен највисок приоритет и изразуваат жалење за настанатата ситуација.