Државниот инспекторат на Хрватска ги предупреди потрошувачите за итно повлекување на производот ApnaBaba Flax Seeds – ленено семе од 400 грама, поради зголемено ниво на цијановодородна киселина.
Станува збор за производ со EAN код 050519871235 и рок на употреба 20.06.2027 година.
Надлежните информираат дека производот не е во согласност со европските прописи за безбедност на храната, односно со Уредбата (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот парламент и Советот, која ги утврдува основните правила и процедури за безбедност на храната.
Производот го дистрибуира компанијата Fresh Tropical Srl by Jawad од Италија, а во Хрватска го продавала компанијата GORKHAS AND ASSOCIATES d.o.o. од Загреб. Земја на потекло е Индија.
Надлежните ги повикуваат граѓаните кои го купиле овој производ да не го консумираат и да го вратат или безбедно да го отстранат.


