Американскиот пејач, текстописец, продуцент и рапер Оливер Три загина во трагична хеликоптерска несреќа во Бразил, пренесуваат локалните медиуми.
Според првичните информации, несреќата се случила при судир на два хеликоптера, при што животот го загубиле вкупно шест лица. Според извештаите, Три се наоѓал во едното летало заедно со уште четири лица, додека во вториот хеликоптер бил само пилотот.

Надлежните служби започнале истрага за да ги утврдат причините за трагедијата. Во овој момент не е познато дали до несреќата довеле лошите временски услови, технички проблем или човечки фактор.
Оливер Три беше светски познат по хитовите „Life Goes On“, „When I’m Down“ и „Miss You“. Својата музичка кариера ја започна уште како тинејџер, а подоцна потпиша договори со познати музички куќи и стекна милионска публика ширум светот.
Неговите песни и видеа достигнаа стотици милиони прегледи на дигиталните платформи, а со својот уникатен стил успеа да остави голема трага во современата музичка сцена.
Во моментот на несреќата, Три бил во текот на својата светска турнеја по објавувањето на најновиот албум, со планирани настапи на повеќе континенти.
Надлежните најавија дека повеќе детали за трагедијата ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата.



