Oвие граѓани денес да си ги проверат сметките – предвреме им се исплатени парите

Пензионерите од денеска можат да ги проверат своите трансакциски сметки, бидејќи започна исплатата на пензиите за јуни. Средствата веќе се достапни за корисниците кои пензијата ја примаат преку Халкбанк.

Од банката информираат дека пензиите од денес, 29 јуни 2026 година, се достапни на сметките на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност за исплата преку Пошта на Северна Македонија, средствата ќе можат да ги подигнат и во поштенските единици.

Од Халкбанк ги повикаа корисниците навремено да ги проверат своите сметки и ги потсетија дека на располагање им стојат повеќе начини за пристап до средствата.