Повеќе банки во земјава информираа дека денеска (29 јуни) е реализирана исплатата на пензиите за месец јуни, а средствата веќе се достапни на сметките на корисниците.
Халкбанк соопшти дека пензиите се достапни во сите филијали на банката, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство. Пензионерите кои претходно дале согласност, средствата можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
Од Силк Роуд Банка информираа дека јунските пензии се исплатени и можат да се подигнат во сите експозитури и на банкоматите на банката, како и да се користат преку електронското и мобилното банкарство или за безготовинско плаќање во трговската мрежа.
Исплатата ја потврди и АЛТА Банка, од каде соопштија дека средствата за пензиите за јуни се префрлени на трансакциските сметки на клиентите и се достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на банката.
Пензионерите кои своите примања ги добиваат преку овие банки можат уште денес да располагаат со средствата согласно вообичаените начини на користење.


