Владата донесе одлука утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и во Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.
„За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република Северна Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Владата на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија“, соопшти Владата.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Јован Деспотовски, поранешен директор осомничен за злоупотреби во ТИРЗ, останува без пасош
Зошто Обвинителството не бара притвор за Васко Ковачевски осомничен за криминал од 6,5 мил...
ЛЕВИЦА ја повика Владата да не биде слуга на олигарсите: Спроведете ги овие мерки против т...
НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Или тројно повисоки дневници или никој да не работи!
Кузеска: Антикорупциска да ја повлече одлуката за директорот на АНБ, скандалозна е!