Меџити му порача на Ахмети: Не се оди напред бркајќи ги своите „ангели“ и доведувајќи „ѓаволи“ од надвор

Потпретседателот и еден од челниците на незадоволната група во ДУИ, Изет Меџити изрази загриженост од доближувањето на ДУИ до, како што вели, довчерашните противници.

Меџити вчера вечер им порача на жителите на Сарај дека партискиот собир на „огнените“ е гласот на народот, гласот на вистината и токму тука сакаат да ја донесат ДУИ.

Advertisements

Меџити упати апел до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослабне, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса, бидејќи тие се моќни и без функции, веќе 20 години колку што допринесуваат во ДУИ.

Од собирот во Сарај, Меџити му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека е вознемирен поради оддалечувањето на министерот за екологија Насер Нуредини во последните владини измени.

„Не можеме да бидеме спокојни, да ни биде угодно кога претседателот на ДУИ, Али Ахмети е опкружен со Мендух Тачи, Арбен Таравари и Зијадин Села“, рече Меџити во Сарај.

На крајот на својата говор Изет Меџити му испрати уште една порака на лидерот на ДУИ.

„Не се оди напред бркајќи ги своите „ангели“ и доведувајќи „ѓаволи“ од надвор“, рече Меџити.