Министерството за економија во моментот работи на дизајнирање на нови мерки со цел намалување на цените на основните прехранбени производи. Мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи целосно се почитува од трговците, но голем дел од прехранбените компании кои користат субвенционирана струја од државата не ги намалиле цените, рече министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Економски магазин“ на Телевизија Алсат.
„Во моментов со Министерството за финансии дизајнираме нови мерки. Наместо да ги субвенционираме одредени компании кои не ги почитуваат одредбите договореното , тие средства во Буџетот кои се опеделени за антикризни мерки да ги пренамениме во намалување на одредени давачки, било тоа да е царина или други давачки и на тој начин да влијаеме на намалување на цените“ рече министерот Бектеши.
Министерот Бектеши истакна дека Министерството за економија остварило неколку средби со Стопанските комори, особено со компаниите кои се најголеми производители на основни прехранбени производи, од каде произлегол заклучокот дека Владата треба да преземе соодветни мерки во делот на електричната енергија со единствена цел да им се помогнеме на производителите на основни прехранбени производи и се влијае на намалување на цените кои се истакнати со владина одлука, како што се основните производи како лебот, маслото, тестенините, особено млекото.
„Значителен дел на домашни компании со кои имавме џентлменски договор за жал не го почитуваа договорот кој сме го имале помеѓу Владата и Стопанските комори и не ги намалија цените на основните прехранбени производи. Ние како Министерство за економија добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат, до крајот на овој месец очекуваме и конечен извештај. Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, над 60-70% од нив не ја почитувале истата одлука и ги имаат истите цени на производите кои ги имале во ноември пред стапи на сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија“ кажа министерот Бектеши.