Ја силувале синот на газдата и возачот, а потоа ја принудиле на абортус – 18-годишна девојка не ја преживеа голготата

Случај кој предизвика огромен шок во Пакистан ја потресе јавноста откако 18-годишната Ајеша почина по компликации поврзани со абортус, откако претходно, според нејзините искази, била жртва на повеќекратно сексуално злоставување.

Младата девојка работела како куќна помошничка кај богато семејство во Лахор, каде, според судските документи, во текот на една година била повеќепати силувана од синот на нејзиниот работодавач и од семејниот возач.

Откако дознала дека е бремена, нејзините работодавачи наводно ја принудиле да ја прекине бременоста за да го заштитат угледот на семејството. Постапката била извршена во приватна клиника, по што нејзината здравствена состојба сериозно се влошила.

Ајеша повеќепати била хоспитализирана, а на крајот починала во болница во Лахор на 26 мај. Пред смртта успеала да даде изјава во полиција и да сними видео од болничкиот кревет во кое ги опишала наводните злосторства што ги претрпела.

Случајот стана познат во јавноста откако видеото се прошири на социјалните мрежи. Полицијата отвори истрага против двајцата мажи кои ги обвинила за силување, како и против нејзиниот работодавач, под сомнение за групно силување и убиство.

Возачот е задржан во притвор, додека работодавачот и неговиот син добиле кауција. Истражните органи ги испитуваат и вработените во приватната клиника каде што бил извршен абортус.

Advertisements

Нејзиниот татко за „BBC Urdu“ изјавил дека семејството првично не знаело низ каков хорор поминувала нивната ќерка, сè додека не се влошила нејзината здравствена состојба и лекарите не откриле дека е бремена.