Комитите не им останаа должни на „Гробари“ – „Живо ви е кралството, колку и другарството“.

„Живо ви е кралството, колку и другарството“. Со ваква парола им вратија македонските навивачи „Комити“ на српските „Гробари“ по вечерашниот натпревар во Белград.

Избраниците на Владо Недановски изгубија од Партизан (28:22) но она што остави срамен печат на ова спортско натпреварување беа провокациите од фановите на Партизан кои во текот на напреварот цело време провоцираа со грчкото знаме, пароли за Гоце Делчев дека бил Бугарин, дека Македонија е Србија и слични.

Комититите, како што јавуваат спортските портали, на мечот во салата „Бањица“ влегле дури во 55 минута, а успеале да возвратат и на навредите од навивачите на Партизан.

Повеќе од три часа вардаровите навивачи не биле пуштени да влезат во Србија на граничниот премин „Табановце“од српската полиција, без никакво образложение.