Слаткар има нова песна, тоа е новиот зимски хит, коментираат неговите фанови. И навистина песната „Сибир“, заедно со видеозаписот е одлична. Текстот во стилот на Слаткар, а на музиката работел заедно со Лазар Цветковски.
Спотот е на Крсте Шупев, а убавицата е Мартина Ангелова.
„Феноменална, песниште, браво, цар си, песната ми е на рипит….“, ова се само некои од многубројните коментари на фановите кои со воодушевување ја прифатија „Сибир“.
Advertisements
Но, има и такви кои сметаат дека „ова не личи на Слаткар, Слаткар врати се“…
За вкусовите не вреди да се расправа нели, па ајде да ја слушнеме „Сибир“.