Добри вести за граѓаните, лоши за банкарите – ќе паѓаат ли провизиите?

Намалувањето на банкарските провизии, е-трговијата, финсиските услуги и други економски приоритети од регионално значење за земјите од Западен Балкан, беше тема на разговор на вицепремиерот Фатмир Битиќи на средбата со првиот човек на ЦЕФТА, Емир Џикиќ во Брисел, соопштуваат од  владината прес-служба.

Вицепремиерот Битиќи укажа дека основното начело на Регионалниот центар за соработка (RCC) и на самата ЦЕФТА како регионални иницијативи е подигнување на конкурентноста на компаниите и регионалните економии.

„Не смееме повеќе да губиме време, колку побрзо сфатиме дека регионот мора да работи конкурентно и во соработка, неместо како конкуренција, толку побрзо и полесно ќе можеме да се интегрираме кон единствениот пазар на Европската Унија“, рече вицепремиерот Битиќи.

Advertisements

На состанокот вицепремиерот Битиќи и директорот на ЦЕФТА, Џикич разговараа и за процесите на неаршоринг и решоринг како можности за регионот како и за придобивките од дигиталната трансформација на економиите на Западен Балкан.